Македонскиот шампион Струга ТЛ веќе има убедлива негатива од 2-0 уште по првото полувреме на гостувањето против Слован во Братислава во првиот натпревар од 1. квалификациско коло за Лигата на шампионите.
Очигледна е надмоќта на словачкиот шампион во квалитетот во однос на македонскиот тим. Па, сето тоа се ефектуираше уште во 16. минута кога Владимир Вајс јуниор погоди за 1-0, на асистенција на словачкиот репрезентативец Давид Стрелец.
Во продолжението се чинеше дека стружани воспоставија рамнотежа. Во 19. минута Кире Ристевски постигна гол со глава за 1-1, но по реакција на ВАР-собата беше поништен поради офсајд-позиција.
Па, Слован во 36. минута со прекрасниот погодок на Роберт Мак дојдоа до 2-0 за веќе убедлива предност по првите 45 минути.
Во игра за Струга ТЛ е и засилувањето во одбраната, поранешниот македонски репрезентативец Кире Ристевски, а на клупата за резервни фудбалери е и Стефан Спировски. Кај Слован, пак, како што се најавуваше поради повреда го нема поранешниот вардаров фудбалер, Ерменецот Тигран Барсегјан.
ГОЛОВИТЕ И НАЈИНТЕРЕСНИТЕ МОМЕНТИ ОД МЕЧОТ МОЖЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА