Селекторите Герет Саутгејт и Роналд Куман ги избраа единаесетмината кои ќе го стартуваат вечерашното полуфинале на стадионот во Дортмунд, во битката за место во големото финале против Шпанија што на програмата ќе биде в недела.
Саутгејт очекувано се реши за истиот состав што го форсира на последните средби од овој шампионот. Маино повторно добива шанса во стартниот тим, крај Деклан Рајс во средниот ред на „гордиот албион“, а во однос на четвртфиналето со Швајцарија има само една измена, и таа очекувана откако Гуеи се врати по одлежаната суспензија назад во првиот тим на местото на Конса.
Кај Холандија има едно изненадување, Дониел Мален е адут од ракавот на Роналд Куман откако асот на Борусија Дортмунд постигна два гола како резерва во осминафиналето со Романија, се очекуваше да биде стартер против Турција, но Куман токму вечерва реши да му даде шанса пред Бергвајн, кој одигра разочарувачки на претходните две средби.
АНГЛИЈА: Пикфорд, Вокер, Трипие, Гуеи, Стоунс, Маино, Рајс, Белингем, Фоден, Сака, Кејн.
ХОЛАНДИЈА: Фербруген, Дамфрис, Аке, Де Фрај, Ван Дајк, Шоутен, Рејндерс, Симонс, Мален, Гакпо, Мемфис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА