Адејеми имаше работа во центарот на Дортмунд, но не веруваше дека ќе заврши кај холандските навивачи (ВИДЕО)

Јулијан Нагелсман пред почетокот на Европското првенство донесе изненадувачка одлука, откако не го вклучи Карим Адејеми на списокот на фудбалери на Германија. Напаѓачот на Борусија Дортмунд отпадна, но, сепак некако на крајот се најде во центарот на вниманието.

Холанѓаните го окупираа Дортмунд, избраниците на Роналд Куман ќе имаат голема поддршка против Англија. На улиците на Дортмунд има портокалови реки од луѓе, кои се движат кон „Вестфален“. Во целиот хаос веројатно по грешка заврши токму и Адејеми.

Не е познато каде заминал германскиот фудбалер, но, очигледно не пресметал дека може да залута во „дворот“ на Холанѓаните.

Се вчитува...