Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум одигра храбро на гостувањето кај Слован Братислава во 1. коло од квалификациите за Лигата на шампионите, но на крајот сепак доживеа пораз од 4-2.
Очигледна беше надмоќта на словачкиот шампион на стартот на мечот, па, сето тоа се ефектуираше уште во 16. минута кога Владимир Вајс јуниор погоди за 1-0, на асистенција на словачкиот репрезентативец Давид Стрелец.
Во продолжението се чинеше дека стружани воспоставија рамнотежа. Во 19. минута Кире Ристевски постигна гол со глава за 1-1, но по реакција на ВАР-собата беше поништен поради офсајд-позиција.
Па, Слован во 36. минута со прекрасниот погодок на Роберт Мак дојдоа до 2-0 за веќе убедлива предност по првите 45 минути.
Македонскиот шампион подобро го отвори второто полувреме, па преку Бесарт Ибраими од пенал во 55. минута намали на 2-1.
Откако домаќините имаа позитива од 2-0 по првиот дел, Бесарт Ибраими успеа целосно да го врати македонскиот тим во игра. Прво намали на 2-1 од пенал во 55. минута, додека во 74. минута по одличната тимска акција израмни на 2-2.
Slovan Bratislava 2-[1] Struga – Besart Ibraimi penalty 55'
byu/Meladroitdimage insoccer
Slovan Bratislava 2-[2] Struga – Besart Ibraimi 74'
byu/Meladroitdimage insoccer
Сепак, до крајот домаќините успеаја да стигнат до победа откако најискусниот во тимот Јурај Куцка во 85. и 91. минута ги постави конечните 4-2. Реваншот е закажан за седум дена (17. јули) на „Билјанини извори“ во Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА