Оли Воткинс е херојот на Англија – Фудбалот е на чекор од тоа да се врати дома (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Англија ќе ја предизвика Шпанија во финалето на Европското првенство во Германија, откако вечерва на „Сигнал идуна“ паркот во Дортмунд славеше над Холандија со 2-1.

Двете репрезентации одиграа едно содржајно прво полувреме без калкулирање и со одлична и напаѓачка игра. Холанѓаните стигнаа до водство од 1-0 со феноменалниот погодок на Чави Симонс уште во 7. минута од натпреварот.

Англичаните брзо се вратија во игра откако Хари Кејн во 18. минута од пенал израмни на 1-1.

Netherlands 1 – [1] England – Harry Kane penalty 18'
byu/PSGAcademy insoccer

Во 23. минута Дензел Дамфрис кој го направи пеналот над Кејн успеа да спаси чист погодок откако интервенираше на гол линија. Истиот фудбалер во продолжението ја имаше најубавата шанса за „лалињата“ откако во 30. минута ја погоди пречката на Пикфорд. Статива погоди и Англија, откако само две минути подоцна Фоден биеше одлично но неговиот удар заврши во рамката на голот на Вербруген.

Второто полувреме беше вистинска спротивност. Холандија единствената шанса ја имаше во 65. минута преку Вирџил ван Дајк, додека Англија иако ја затресе мрежата преку Сака во 80. минута, овој гол беше поништен поради офсајд. И кога сите очекуваа натпреварот да замине во продолженија златната замена на Герет Саутгејт, Оли Воткинс во 90. минута донесе победа од 2-1 за „гордиот албион“.

Финалето кое ќе се игра на „Олимпискиот стадион“ во Берлин меѓу Англија и Шпанија ќе се одигра на 14. јули (недела) со почеток во 21 часот.

Се вчитува...