ГОСПОДИН ФУДБАЛ VOL.2: Aнсамбл француски челисти, Цапар и Калц

Господин фудбал по СП во Катар го има својот кам-бек како стручен аналитичар, но овој пат, нема да ги читате неговите длабоки анализи секој ден. Зошто, па прашајте ја жена му. Сам по себе господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на ЕП во Германија.


„Од ден на ден фудбалот се менува во визија, визијата носи стратегија, а стратегијата нешто што се случува на теренот“.

Друже шо се деси со францускиот предлог бе? Види го бе, пак тој се фатил за Бугари, Македонци и остали балканци… Море чоек она шо беше имињата да ги кажуваме Конте, Чаумени и осталите, за фудбал ти зборам бе… Ааа, ме слушна како му кажав на тој вчера за Французите, слушна ли…

Немаат кемија друже шо би рекле Хрватите се глеаше… Него се сеќаваш ли на Лебеф и Бартез бе… Кој имаше поголемо чело од нив бе друже а? Те зезам бе друже и тие кељаи ко мене… Ама знаеш како викаат друже кељав чоек…

Ги глеам друже Калц и Цапарот на МТВ… Ти знаеш ли дека само Мани Калц и Љупчо Калц немаат сменето фризура у кариера.. Него не знаеш ти ова не пратиш наш фудбал, Калц пред две години го зима Тетекс со 17 бода минус последни у втора лига на полусезона… И, шо и друже ги спаси на крај… Гинисов рекорд, друже, како викате вие младите за љубителите на математиката… Нема у Македонија многу трењери ко Калц, а и ко Цапарот богами… Иначе за утакмицата кажаа се они двајца друже на МТВ, не сум ја компетентен нешто повеќе од нив да кажам… Заслужено Шпањолците у финале…

Абе нашине блентави вака така друже финале… Малце пеналче, малце среќа и ете ги ќе го враќаат фудбалот дома… Она низоземска друже многу бе некако боси у задње време… Какви техничари имале порано, сеа осим оној со плетенчињата малиот, тоа друго се многу босо… Ко да глеам репрезентација у правење на сирење од свежо млеко нескиселено на Низоземска, а не фудбалска… Па тоа Гулит, Рајкард, Ван Бастен коа ке истрчаа друже, па тоа емоција, еротика, фудбалска романтика… Сеа оној со Меси шо се караше само….

Ајдре друже се глеаме за финале… Тука ќе го глеам кај да глеам друже се нема пари за одмор, знаеш како е немаштија… Али ајде шо е битно, Вардар битно го спасивме… Се глеаме друже…

Се вчитува...