Поразот на Струга ТЛ од 4-2 на гостувањето против шампионот на Словачка во првото коло од квалификаците за ЛШ веројатно не е вистински одраз на се она што се случуваше на теренот на „Техелно поле“ во Братислава.
Токму затоа, тренерот на стружани Ќатип Османи смета дека овој пораз од Слован воопшто не е недостижен.
„Во однос на играта, мислам дека во првото полувреме двата гола беа поради невнимателните моменти во нашата дефанзива. Во второто полувреме многу брзо се вративме, мислам дека ја менаџиравме играта на вистинско ниво, а потоа на самиот крај го примивме третиот гол, повторно по индвидуална грешка, во продолжение се повтори истото поради пад наконцентрацијата. Сепак, ние сме оптимисти, мислам дека резултатот 4-2 не е недостижен и ќе дадеме се од себе да ја анулираме предноста на противникот на реваншот“ – изјави Ќатип Османи на синоќешната прес-конференција, притоа дополнувајќи:
„Иако пред нас е многу силен противник, многу квалитетен, кој има и многу квалитетни индивидуални играчи, кои знаат да го свртат натпреварот во своја полза, ние сме решени да дадеме се од себе да ја анулираме негативата. Ние како тим веруваме дека покажавме дека имаме сила и квалитет што ни дава надеж за минлив резултат“.
Реваншот меѓу Струга Трим Лум и Слован Братислава се игра на 17. јули на Стадионот „Билјанини извори“ во Охрид со почеток од 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА