Ван Дајк: Судијата прв избега во соблекувалната, тоа кажува се….

Нема дилема дека Феликс Цвајер е најомразена личност во Холандија откако германскиот судија со неколку контроверзни одлуки ја оштети ова селекција во полуфиналниот дуел со Англија.

Селекторот Куман изјави дека ВАР го уништува фудбалот отворено критикувајќи го критериумот на Цвајер, а на истата тема веднаш по мечот говореше и холандскиот капитен Вирџил ван Дајк.

„Не сакам да го коментирам судењето и сите оние одлуки кои беа донесени… Сепак, ќе кажам дека судијата прв избега во соблекувалната. Немаше време да остане на терен и да се поздрави со фудбалерите, што е нормална работа во светот. Овој негов потег кажува се што треба да знаете. Ние сме разочарани, загубивме меч со примен гол во последната минута, што е огромен удар за сите нас… сепак, покажавме дека имаме квалитетна репрезентација пред која е светла иднина“, изјави Ван Дајк.

Се вчитува...