Капитенот на Струга ТЛ, Буњамин Шабани, без сомнение, беше еден од најзапазенте фудбалери во редовите на македонскиот шампион на вчерашниот натпревар против Слован Братислава.
Поразот од 4-2 во првиот натпревар од 1. квалификациско коло за Лигата на шампионите веројатно не е најдобар одраз на се она што се случуваше на зелениот терен. Но, невнимателност во одбраната, пред се, донесе до четири примени гола. И покрај тоа, капитенот Шабани вели дека сето тоа не треба да го деморализира тимот пред кого претстојат нови 90 минути во Охрид.
„Жал ни е за овој пораз, бидејќи навистина прикажавме добра игра, особено во вториот дел, кога дури и го сменивме резултатот. Кога мислевме дека ќе стигнеме до реми поради одредени моменти на невнимание повторно примивме два гола. Сепак, мислам дека научивме многу од ова и верувам дека на реваншот ќе се прикажеме во уште подобро издание“ – изјави капитенот Буњамин Шабани, кој вчера го одигра 11. меч во дресот на Струга Трим Лум на европската сцена и трет негов во квалификациите за Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА