Англискиот херој: Ви се колнам, му реков на Палмер, јас ќе дадам гол, ти ќе ми асистираш

Оли Воткинс ужива во улогата на херој на нацијата откако асот на Астон Вила влезе во игра во 81. минута и десетина минути подоцна го постигна голот со кој Англија се пласираше во големото финале на ЕВРО 2024.

Во првата изјава по мечот Воткинс обелодени дека претчувствувал дека токму тој ќе го постигне победничкиот гол, и тоа на асистенција на Палмер Кол, со кого заедно влезе во игра.

„Ви се колнам во животот, стоевме крај аут-линијата и му кажав на Палмер… влегуваме и ти ќе ми асистираш за гол. Се случи токму тоа, пресреќен сум“, изјави Воткинс.

Се вчитува...