Драган Стојковиќ Пикси ќе продолжи да ја води српската репрезентација како селектор. Ваквата одлука ќе биде потврдена и на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија, кој треба да се одржи во петок, пренесува „Моцарт спорт“.
На Пикси му беше дадена доверба по неуспехот на ЕП во Германија, каде Србија беше елиминирана во групната фаза.
„Орлите“ беа елиминирани во групната фаза и на Светското првенство во Катар 2022 година, но две последователни учества на најголемите турнири се најголемиот успех на репрезентацијата во последниот четврт век.
Србија заедно со Пикси се пласираа во А Лигата на нации, каде репрезентацијата во септември ќе започне нов циклус во група со Шпанија, Данска и Швајцарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА