Американскиот кошаркар Џонтеј Портер доби доживотна забрана за настап во НБА лигата поради местење на натпревари на кои тој самиот настапувал. Но, тоа не е се бидејќи тој сега се соочува и со затворска казна откако го призна делото.
Со цел да ги подмири огромните долгови сега 24-годишникот давал информации на обложуватели и намерно бележел потпросечни резултати што резултирало со милионска добивка за неговите соработници. Портер одел и чекор подалеку со тоа што лажирал повреди за да помине помало време на теренот.
НБА лигата откри дека тој се обложил на најмалку 13 натпревари од месец јануари од месец март оваа година за што може да добие казна затвор од 4о до 50 месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА