Белград и следната сезона ќе биде европска кошаркарска престолнина

Белград следната сезона повторно ќе биде европска престолнина со три клуба домаќини во Евролигата откако израелскиот клуб Макаби Тел Авив одново ја пријави салата „Пионир“ како свој домашен терен.

Поради војната со Палестина, Израелците беа приморени претходната сезона да настапуваат надвор од татковината, а изборот падна на главниот град на Србија. Таму Макаби Тел Авив имаше фантастични услови, а задоволството од домаќинството на Србите го изразија со голема благодарница.

Раководството на клубот сепак се надева дека во текот на сезоната ќе може да се врати назад во Израел и барем да ја одигра завршницата пред пеколната арена во Тел Авив, но шансите за тоа се минимални.

Покрај Макаби Тел Авив надвор од Израел ќе мора да настапуваат и другите два израелски клубови кои се натпреваруваат во Европа, Хапоел Ерусалим и Хапоел Тел Авив кои за домашен терен ја одбраа „Самоков“ арената во Бугарија.

Се вчитува...