Вчера играчот на Штутгарт, Серу Гираси требаше да го стави потписот со Борусија Дортмунд. Меѓутоа падна на медицинските прегледи, откако му се констатирана „мистериозна“ повреда на лигаментите на коленото.
Челниците на Борусија Дортмунд ги известиле челниците на Штутгарт за оваа ситуација, па Гираси оди во Париз на рехабилитација. Се претпоставува дека ќе паузира минимум еден месец, што значи да ги пропушти подготовките на екипата за новата сезона во Бундеслигата.
И додека се чекаат официјални информации околу повредата, Борусија Дортмунд веќе бара алтернатива. Еден од оние кои би можеле да дојдат на „Вестфален“ е чешкиот напаѓач Адам Хложек. 21-годишниот напаѓач во минатата сезона во дресот на Баер Леверкузен добиваше главно шанса од клупата, менувајќи ги Бонифејс или Борха Валеро кои беа прва опцијa за тренерот Чаби Алонсо, а тука беше и Патрик Шик. Одигра на вкупно 22 меча, но ретко кога играше цел натпревар, и затоа и тој сака да си замине од таборот на „фармацевтите“.
Хложек од Спарта Прага дојде во Баер Леверкузен во 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА