Реал Мадрид ги пушти во продажба дресовите на Мбапе, одат како „алва“

Уште не стигнат во Реал Мадрид, а дреосвите на Килијан Мбапе одат како „алва“. Кралскиот клуб денеска ги пушти во продажба, и надминати се сите очекувања. Дресот со францускиот АС руши рекорди, со оглед дека ако се порача он-лајн, се чека од 4-6 недели.

За споредба е дека стандарната испорака на дрес на Реал е 3-4 дена, и истиот рок се применува и при нарачка на дресови и од други тимови. Интересот за дресот на Мбапе е огромен, а тоа го покажува дека денеска нид Мадрид биле продадени сите залихи во фан шоповите.

Голема е веројатноста голем дел од фановите да немаат дрес до првиот меч во сезоната во Ла Лига. Цената на дресот со името на Французинот и со бројот 9 изнесува 170 евра.

Се вчитува...