Освојувачот на Купот на Македонија, Тиквеш има негатива од 0-2 на полувреме против исландски Бреидаблик во 1. квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.
Првата убава шанса домаќините ја имаа во 7. минута кога по еден одличен контра напад Кристијан Стојковски излезе сам еден на еден со противничкиот голман, но биеше над голот на Бреидаблик. Тиквеш нова убава шанса имаше во 11. минута кога од непосредна близина со глава биеше Ѓорѓи Ѓоргиев, но само во голманот на исландскиот тим.
Казната за пропуштените шанси стигна во 13. минута кога гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Виктор Еинарсон. И во следниот период Тиквеш беше подобар, а нова убава шанса кавадарци имаа во 28. минута кога Спахиу биеше кон голот на Бреидаблик, но и неговиот удар го спречи голманот Антон Еинарсон.
Новата казна од исландските фудбалери стигна во 31. минута кога Кристофер Кристинсон зголеми на 0-2.
Tikves 0-[1] Breiðablik – Viktor Karl Einarsson 13'
byu/atbg1936 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА