Де ла Фуенте: Англија е ривал за респект, но ние не се плашиме од никого

Шпанија ќе атакува на четвртата европска круна во неделното финале на ЕВРО 2024, каде „црвената фурија“ за противник ќе ја има селекцијата на Англија.

За Англичаните ова ќе биде второ финале на ЕП во низа откако пред три години беа поразени на пенали од Италија,  но Шпанија со извонредните игри во досегашниот дел од овој шампионат се наметна како благ фаворит за златото. Свесен за тоа е и селекторот Луис де ла Фуенте, кој им порача на своите избраници да продолжат во ист ритам и во мечот за титулата.

„Едвај чекаме да излеземе на терен во финалето, против голем ривал како Англија. Ќе играме против врвна селекција со голем број екстра фудбалери, очекувам финалето да биде вистински спектакл. Едно треба да им биде јасно на сите, ние играме одличен фудбал, заслужено сме во финалето и пред себе имаме јасна визија, што треба да направиме за да стигнеме до титулата. Една грешка може да биде кобна на вакви натпревари, а ние мораме да сме доволно фокусирани за да не ја направиме. Влегуваме во мечот со јасна желба да победиме, не со страв од пораз“, истакна Де ла Фуенте.

Се вчитува...