Кирјос откри: Е, ова е мојата улога во тимот на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ на патот кон нова грандслем титула, изминатиов период работеше заедно и со австралискиот тенисер Ник Кирјос.

Па, Кирјос пред денешното полуфинале ја откри неговата улога во подготовките на најдобриот српски тенисер.

„Во моментов сум спаринг-партнер и му помагам на теренот. Толку. Едвај чекам да го гледам во полуфинале. Во тој човек никогаш не треба да се сомневате“ – истакна Кирјос.

Ѓоковиќ во денешното полуфинале кое треба да почне од 16:30 часот ќе игра против Италијанецот Лоренцо Муцети.

Се вчитува...