Хрватскиот тим Осиек вчера на подготовките во Австрија одигра пријателски натпревар со Рајфајзенбанк, и го декласираше противникот со 16-0. По натпреварот се чинеше дека се е во ред, меѓутоа така не мисли тренерот на хрватската екипа Федерико Копители. Па така тој ги казни со тоа што им го укина слободниот ден, и им закажа тренинг.
Копители не бил задоволен од пристапот и тактичката неодговорност на играчите, особено од оние кои влегле во вториот дел од средбата.
Навистина е неверојатно да се казнуваат играчи и после победа, особено вака убедлива. Осиек се подготвува за второто квалификациско коло во Лигата на Конференции, каде ќе се сретне најверојатно со естонска Левадија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА