Играчот од средниот ред Рамин Алии, во новата сезона ќе има нов клуб, односно ќе настапува во тимот на белоруски Ислоч од Минск.
Фудбалерот роден во Тетово, минатите две и пол години ги мина во албански Скендербег, а потекнува од младинската школа на Шкендија, од каде замина во Шкупи, а потоа во 2022 година се пресели во Албанија.
Алии е доскорашен младински репрезентативец, а за младинската селекција има одиграни два натпревари. Исто така настапуваше и за помладите селекции на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА