Пикси останува селектор на Србија и покрај раната елиминација од ЕП

Селекторот на српската фудбалска репрезентација Драган Стојковиќ Пикси остана на кормилото на националниот тим, откако на седницата на Фудбалскиот сојуз на Србија му беше изгласана доверба. По дебаклот на „орлите“ на Европското првенство, Драган Стојковиќ денеска поднесе извештај до Извршниот одбор на ФСС за сите случувања во Германија.

Тој во тој извештај ги изнесе сите детали од собирот на тимот преку пријателските натпревари во Австрија и Шведска, а воедно детално ги анализира и натпреварите против Англија, Словенија и Данска на ЕВРО, каде „орлите“ го завршија натпреварувањето во групната фаза.

„Како одговорен и совесен човек, како селектор и некој што носи одлуки поврзани со нашата репрезентација, пред ЕП во Германија истакнав дека целта е да се помине групната фаза, на крајот не сум задоволен од резултатот, односно конечниот исход, но верувам дека не потфрливме. Тоа беше неуспех точно, но никако дебакл“, изјави селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ во својот извештај до Извршниот одбор.

Јавноста застана против Стојковиќ по слабите изданија на последните две големи натпреварувања, односно Мундијалот во Катар и Европското првенство во Германија, и веруваа дека селекторот треба да биде сменет. Дури му бараа и замена, се шпекулираше со неколку имиња меѓу кои и Јоаким Лев.

Се вчитува...