Стоперот на финалистот на ЛШ доби ултиматум, па направи неверојатна трансформација

Стоперот на Борусија Дортмунд и повремен германски репрезентативец Никлас Зиле ангажираше приватен тренер кој му помогна во борбата со килограмите. Тој на подготовките се врати поинаков од крајот на минатата сезона, кога имаше премногу килограми.

Тој беше принуден да држи диета и да тренира под посебен режим, за да симне килограми, а сите останаа во чудо кога видоа како изгледа на почетокот на подготовките на својот тим.

Се гледа дека тоа дало резултат, и Зиле се вратил на подготовките осум килограми послаб. Иако треба да симне уште неколку, сепак, е на добар пат да се врати целосно подготвен за новите предизвици во Бундеслигата и во Лигата на шампионите.

Борусија Дортмунд му се закани со ултиматим, дека ако сака да остане во клубот ќе мора да симне килограми. Германски „Билд“ пишува дека Зиле бил разочаран од тренерот Един Терзиќ, и затоа качил килограми, а сега кога дојде до смена, тој се реши да го послуша својот клуб и сериозно да конкурира за место во првите 11 кај новиот тренер Нури Сахин.

Се вчитува...