Милан ја засилува одбраната со Србин

Милан отвори преговори со српскиот стопер Страхиња Павловиќ, кој во моментов е дел од Ред Бул Салцбург. На „Сан Сиро“ го забележаа добриот настап на Павловиќ на ЕВРО 2024 година, и подготвуваат 20 милиони евра за австрискиот тим.

Павловиќ има договор со Салцбург на уште три сезони, а од тимот на Милан се надеваат дека оваа сума ќе биде доволна да ги убедат да го пуштат.

Милан исто така му нуди 1,5 милиони евра годишна плата, а во Салцбург во моментов заработу двојно помалку.

23-годишниот Павловиќ ги одигра сите три меча за Србија по 90 минути и беше еден од најдобрите за својата селекција, која испадна во групата со Англија, Словенија и Данска.

Се вчитува...