По одличното издание на Европското првенство, Фудбалската федерација на Швајцарија одлучи да ја продолжи соработката со селекторот Мурат Јакин до 2026 година.
Турскиот стручњак ја одведе Швајцарија до четвртфиналето на ЕУРО, каде беше поразена од Англија, но и покрај тоа ја доби довербата од Федерацијата, па ќе ја води репрезентацијата во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
Од поразот од Португалија (1-6) на Мундијалот во Катар, Швајцарија загуби само еден натпревар од досегашните 19 натпревари под водство на Јакин и тоа од Англија на пенали токму на првенствово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА