Српската репрезентација славеше со 67-79 на гостувањето против Франција, како јасна најава дека нашиот северен сосед е подготвен да нападне медал на претстојните Олимписки Игри во Париз.
„Триколорите“ важеа за фаворити поради домашниот терен во Лион, но француските кошаркари доминираа само во првите десетина минути, во кои имаше и двоцифрено водство од 23-13. Првата четвртина заврши со резултат 23-18, но затоа вториот период мина во апсолутна доминација на српските кошаркари, кои предводени од Никола Јокиќ ги добија овие десет минути со 9-27, стигнувајќи до двоцифрена предност.
Избраниците на Светислав Пешиќ знаеја како да ја задржат предноста, Франција на неколку минути до крајот дојде на пет поени, но Србија имаше свое оружје во финишот, Мициќ, Петрушев и Богдановиќ погодија тројки во завршницата и донесоа триумф од дванаесет поени разлика.
Никола Јокиќ беше најдобар поединец на теренот со 20 поени и 12 скокови, Богдановиќ постигна 15, а Аврамовиќ девет поени за српскиот национален состав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА