Поранешниот француски репрезентативец Патрис Евра се најде во центарот на вниманието поради работи неповрзани со фудбалот откако беше објавено дека добил условна затворска казна од една година поради запоставување на семејството.
Имено, тој е осуден за запоставување во перидот од мај 2021 година до септември 2023 година за што Судот во Нант го казни со карична казна од вкупно шест илјади евра до неговата поранешна сопруга и казна од речиси еден милион евра во алиментација за двете деца.
На овие написи тој одговори со бизарно видео на социјалните мрежи каде се појави облечен во затворска униформа, со лисици на рацете како игра кошарка на терен кој изглед како во склоп на затвор.
Претходно, неговиот адвокат објави дека е доставена жалба и тие презентирале докази кои покажуваат дека Патрис Евра на сопругата и обезбедил стан, куќа со базен, а и позаjмил и околу два милиони евра.
Patrice Evra on Instagram: “Let me shutdown this rubbish news…” pic.twitter.com/dSVnb3wHFT
— UtdDistrict (@UtdDistrict) July 12, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

