Англија и Шпанија во недела од 21 часот во Берлин ќе си ги одмерат силите во големото финале на Европското првенство во натпревар во кој „Гордиот Албион“ има шанса за прв пат во својата историја да го освои престижниот трофеј.
Говорејќи за медиумите Деклан Рајс откри и како ќе го прослави големиот успех. Со „нормално“ пиво како што вели самиот бидејќи досега пиел само популарен „радлер“.
„Помнам дека реков ќе славам си пиво и пред претходното финале. Оттогаш се имам напиено пиво, но со лимонада. Ако победиме ќе пијам „нормално“ пиво. Но, ќе треба да го затнам носот бидејќи го мразам мирисот“, вели Рајс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА