Амаду Онана за уште посилна Астон Вила

Астон Вила по долги години одново ќе заигра во Лигата на Шампионите откако клубот од Бирминген предводен од Унаи Емери имаше блескава сезона која ја заврши на четвртата позиција на табелата.

По пласманот во елитниот шампионат Астон Вила стигна до неколку звучни засилувања како Рос Баркли и Иан Матсен, а на прагот на премин во клубот е и белгискиот репрезентативец, Амаду Онана, пренесуваат англиските медиуми.

Доскорешниот член на Евертон веќе ги договорил сите услови со тимот од Бирмингем и трансферот треба да биде комплетиран до крајот на следната недела за 60 милиони евра.

Онана ова лето се поврзуваше со премин во Арсенал и Барселона, но следните петгодини ќе ги помине во Астон Вила каде ќе има плата од четири милиони евра по сезона.

Се вчитува...