Најлошиот тим на ЕВРО 2024: Роналдо, Лукаку, двајца Срби и еден Хрват (ФОТО)

Познатиот шпански медиум „Марка“ го објави најлошиот комбиниран тим кој настапи на Европското првенство во Германија. Него го сочинуваат неколку славни имиња со кои и многумина ќе се сложат дека е навистина потфрлија на шампионатот во Германија.

Во формацијата 4-3-3 која ја предводи Кристијано Роналдо место има за по два репрезентативци на Србија и Италија, но и за уште еден Балканец – хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ.

Целосниот тим го сочинуваат: Ромелу Лукаку (Белгија), Кристијано Роналдо (Португалија), Душан Влаховиќ (Србија), Доминик Собослаи (Унгарија), Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Србија), Џејмс Мегин (Шкотска), Олександар Зинченко (Укрина), Џовани ди Лоренцо (Италија), Андреас Кристенсен (Данска) и Џанлука Манчини (Италија).

Се вчитува...