По две години во пензија, познатиот босански фудбалер и поранешен член на најтрофејниот македонски клуб Вардар, Сенијад Ибричиќ реши да се врати на терените!
Тој потпиша договор со словенечкиот нисколигаш Шмартно. Ибричиќ, кој има 38 години, пред две години реши да ги закачи копачките, а потоа работеше како службеник во Сараево.
Но, тој сега се враќа во Словенија, земјата во која мина шест години од кариерата, настапувајќи за Копер и Домжале. Ибричиќ 44 пати беше репрезентативец на Босна и Херцеговина, а во кариерата, покрај за Вардар чиј член беше во 2015 година играше и за Хајдук, Локомотива Москва, Касимпаша, Газиантеп…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА