„Новак е чудо од човек, денеска ќе испише историја“

Поранешниот британски тенисер и поранешен тренер на Енди Мареј, Марк Печи е убеден дека Новак Ѓоковиќ може да освои уште една титула на Вимблдон. Новак од 15 часот вторпат по ред ќе игра во финалето на овој турнир против Карлос Алкараз од кого минатата сезона загуби во пет сета.

Ѓоковиќ има шанса да го израмни рекордот на Роџер Федерер од осум титули на Вимблдон и да стигне до својот 25. гранд-слем.

„Деновиве има само еден човек во машкиот тенис, а тоа е човек наречен чудо. Новак Ѓоковиќ беше на операционата маса пред нешто повеќе од еден месец и никој не мислеше дека ќе биде тука на Вимблдон. Изгледа дека е подготвен да го израмни рекордот на Федерер од осум титули“, изјави Печи.

Се вчитува...