Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа за жал не успеа да стигне до трофејот на ИТФ фјучрсот во италијанскиот главен град Рим.
Tетовчанката во финалето на турнирот вреден 75.000 американски долари загуби со 2-0, по сетови 6-1 и 7-6 од руската тенисерка Оксана Селекметева.
И покрај поразот Ѓорческа ќе напредува на ВТА листата, што е од големо значење при очекување на квалификациите за последниот гранд-слем турнир во сезоната, УС опен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

