Повремениот македонски репрезентативец Ти Џеј Шортс и повеќе од сигурно ова лето ќе го напушти Париз, а во редот за неговиот потпис се само евролигаши.
Медиумите од Израел пренесуваат дека во пол-позиција за неговиот потпис е великанот од оваа земја, Макаби Тел Авив.
Повремениот репрезентативец на Македонија игра одлично последните две сезони, прво во дресот на Бон со кој ја освои титулата во Лигата на шампионите на ФИБА, а потоа и за Париз со кој триумфираше во Еврокупот.
И во двете натпреварувања беше избран за најкорисен кошаркар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА