Селекторот на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави, Стив Кер изјави дека уште еднаш ќе му оддаде почит на својот пријател и колега, српскиот кошаркарски тренер Дејан Милојевиќ, кој ненадејно почина од срцев удар на почетокот на оваа година.
Избраниците на Стив Кер во среда од 21 часот ќе се сретнат со Србија, а како што кажа Кер на мечот ќе ја носи маицата „Брате“.
„Деки беше неверојатен пријател, тренер, татко и сопруг. Секој ден мислам на него. Кога ќе играме против Србија, јас дефинитивно ќе ја носам маицата „Брате““, изјави Кер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

