Првата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах е на трибините на „Централниот терен“ од каде го следи финалето на Вимблдон.
Египќанецот го гледа дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз кој Шпанецот го почна многу подобро и откако го освои првиот сет има и брејк предност во вториот.
Тоа го налути Салах, кој постојано се нервира кога Новак ќе загуби поен, што јасно кажува за кого навива ѕвездата на „црвените“.
Крилниот напаѓач неодамна се приклучи на подготовките на Ливерпул по летната пауза и се очекува да го продолжи она што го започна под водство на Јирген Клоп во ерата на Арне Слот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

