Барди со нова мајсторија од слободен удар се загрева за новата сезона (ВИДЕО)

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди ги одработува подготовките со својот Трабзонспор за новата сезона во која клубот покрај домашниот шампионат ќе игра и во Европа.

Турскиот гигант вчера славеше со 3-1 во пријателски меч против српски Железничар од Панчево. Погодокот за водство на Трабзонспор од 1-0 го постигна токму нашиот капитен и тоа во негов стил од слободен удар во 42. минута.

Се вчитува...