„Ги почитуваме сите, но најдобра кошарка се игра во САД“

Кошаркарот на Феникс Санс Девин Букер изјави дека репрезентативците на САД се претпазливи пред почетокот на Олимписките игри, но тврди дека „Дрим-тимот“ сепак е многу подобар од конкуренцијата.

Букер ќе игра на своите втори Игри, откако беше дел од репрезентацијата на САД која го освои златото во Токио во 2020 година.

„Слушам како луѓето кажуваат како другите селекции ја намалија разликата во квалитетот на играта во однос на нас. Тоа дополнително не мотивира. Ние Американците ги почитуваме другите селекции, но знаеме кој игра најдобра кошарка“, изјави Букер.

Се вчитува...