Џошуа Зиркзе е првото засилување за Јунајтед летово

Холандскиот интернационалец Џошуа Зиркзе е првото засилување за премиерлигашот Манчестер јунајтед, во ерата на Сер Џим Ретклиф.

Зиркзе на „Олд трафорд“ доаѓа од редовите на Болоња за сума од 40 милиони евра. Холанѓанецот минатата сезона беше еден од најдобрите фудбалери во тимот на Тијаго Мота кој успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Се вчитува...