Карлос Алкараз ја одбрани титулата на третиот гранд-слем турнир во сезоната, Вимблдон откако го прегази Новак Ѓоковиќ и со тоа му оддржа лекција на „Централниот терен“ со максимални 3-0, по сетови 6-2, 6-2 и 7-6.
По мечот младиот Шпанец зборуваше и за финалето на Европското првенство каде неговата земја ќе игра против Англија.
„Пресреќен сум, ова е можеби најдобриот турнир што досега го одиграв во кариерата. Му благодарам на Новак, тој е вистински лидер и мотиватор и мислам дека сите можат многу да научат од него. Одам малку да се одморам и ќе се подготвам за големото финале меѓу Шпанија и Англија. Јас својата работа ја завршив, сега чекам моите сонародници да се закитат со европската титула и сите заедно да ги славиме овие огромни успеси“, рече Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

