По поразот во финалето на Вимблдон од Карлос Алкараз со максимални 3-0 (6-2, 6-2 и 7-6), Новак Ѓоковиќ проговори колку му значи тоа што неговите деца Тара и Стефан го гледаат во секое големо финале.
Новак имаше посебна порака за својот син Стефан, кој еден ден би можел да го наследи на тенискиот терен.
„Прекрасно е да се биде татко на овие две мали ангелчиња. Се заљубуваат во тенисот, се повеќе и повеќе. Има многу убави работи во животот, синко. Тенисот не е единственото нешто. Што и да посакаш во животот твојот татко ќе биде тука за тебе!“, изјави Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

