Нова бламажа на надежите на кошаркарското ЕП до 20 години

Кошаркарската репрезентација на Македонија доживеа нов дебакл на Европското првенство до 20 години кое се игра во Полска. По вчерашната бламажа против Шпанија, нашите надежи денеска беа прегазени и од Турција, овојпат со 55-90.

Во првиот дел нашите надежи некако и успеваа да се држат со Турците, но клучна беше третата четвртина во која избраниците на Боро Смилковски постигнаа само два поени.

Toма Стојаноски со 12 поени беше прво име во нашиот табор, додека кај победникот Емре Тунча постигна 20 поени.

Се вчитува...