Аргентина стана апсолутен рекордер на Копа Америка откако изминатата вечер славеше во големото финале одиграно во Мајами над Колумбија со 1-0. Херојот на Аргентинците беше Лаутаро Мартинез кој ја затресе мрежата во 112. минута.
Колумбија беше подобриот противник во првото полувреме, но не успеа да ги искористи своите шанси. Во вторите 45. минути се разбудија и Аргентинците, но ни ниту не ја затресоа мрежата во регуларниот дел од средбата па голот дојде во второто продолжение во кое Де Рол украде топка на средината на теренот, а Ло Селсо со умешно додавање во простор му донесе „еден на еден“ ситуација на фудбалерот на Интер кој без проблем го совлада Варгас.
LAUTARO MARTÍNEZ: LA REDENCIÓN. pic.twitter.com/hLoJ9dDjxC
— CONMEBOL Copa América™️ (@CopaAmerica) July 15, 2024
За Аргентина тоа е 16 титула на престижното натпреварување со што е поставен нов рекорд. Досега „гаучосите“ беа изедначени со Уругвај со по 15 трофеи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

