Емотивниот Меси не можеше да ги сопре солзите на финалето на Копа Америка (ВИДЕО)

Аргентина ја освои рекордната 16 титула на Копа Америка откако изминатата вечер славеше во големото финале против Колумбија на стадионот „Хард Рок“ во Мајами каде пак претходеше невиден организациска хаос откако илјадници навивачи успеаја да најдат влез и покрај тоа што немаа билет.

Херојот на Аргентинците беше Лаутаро Мартинез кој ја затресе мрежата во 112. минута, но најемотивниот момент на средбата му припадна на Лионел Меси. Фудбалската легенда поради повреда мораше да го напушти теренот во 66. минута, а камерите го затекнаа како плаче на клупата за резерви по напуштањето на теренот.

Меси не можеше да ги сопре солзите, но на крајот сепак се радуваше на нов репрезентативен трофеј.

Се вчитува...