Шпанија стана нов ЕВРО рекордер откако славеше над Англија во финалето одиграно во Берлин со што ја освои четвртата титула во историјата.
Легендарниот англиски стопер, поранешен репрезентативец и член на Манчестер Јунајтед кој денеска работи како стручен коментатор, Гери Невил изјави дека поради Марк Кукуреља Шпанија нема да го освои шампионатот.
„Мислам дека тој е една од причините поради која Шпанија нема да стигне до крајот“, изјави Невил по што сега следеше и харизматичен одговор од Шпанецот кој му се заблагодари преку социјални мрежи.
„Отидовме до крајот Гери. Фала на поддршката“, стои во објавата на Кукуреља.
25-годишниот Кукуреља настапи на сите натпревари за Шпанија на ова Европско првенство освен на дуелот против Албанија кога селекторот Де ла Фуенте се одлучи за комбиниран состав откако неговата репрезентација веќе осигура пласман во нокаут-фазата.
🇪🇸 Marc Cucurella replies to Gary Neville: “We went all the way, Gary. Thanks for your support”. pic.twitter.com/RXYw9sMkaf
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 14, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА