Марк Кукурелја неочекувано доби предност пред Грималдо од Баер Леверкузен во изборот за стартен лев бек на шпанската репрезентација на ЕВРО 2024, одлука за која селекторот Де ла Фуенте беше критикуван и во својата земја и ширум Европа на самиот старт од шампионатот.
Сепак, дефанзивецот на Челси одигра извонредно на ова европско првенство и беше меѓу најзаслужните за беспрекорното функционирање на последната одбранбена линија на „црвената фурија“.
Тој бурно ја прослави европската титула, а не заборави да го спомене и англискиот фудбалски „стручњак“ и аналитичар Гери Невил, кој пред шампионатот изјави: Мислам дека Кукурелја е една од причините поради кои Шпанците не можат да стигнат до самиот крај.
Левиот бек не ја заборави оваа прозивка, па денеска следеше и одговор до Англичанецот.
„Стигнавме до самиот крај, Гери. Фала ти за поддршката“, иронично му порача Шпанецот на поранешниот англиски репрезентативец, кој имаше катастрофална тренерска авантура во Шпанија како предводник на Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА