Кошаркарскиот клуб Реал Мадрид го дели само потпис од ново големо засилување, пренесуваат шпанските медиуми. Станува збор за репрезентативецот на Шпанија, Усман Гаруба кој се враќа назад во Мадрид по три сезони поминати во НБА.
Гаруба потекнува од младинската школа на Реал Марид, а беше дел и од првиот тим од 2018 до 2021 година освојувајќи титула во шпанското првенство, а беше и одбран за ѕвезда во подем во Евролигата во 2021 година.
Добрите настапи во Европа му донесоа избор како 23. пик на НБА драфтот во 2021 година, но не успеа да се наметне во силното првенство каде настапуваше за Хјустон и Голден Стејт, но помина повеќе време во филијалите на овие тимови во развојната лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА