Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс и неговиот Париз во новата сезона ќе дебитираат на евролигашката сцена, а за предизвиците кои следат ќе бидат предводени од легенда на бразилската кошарка, Тијаго Сплитер.
За поранешниот центар висок 211 сантиметри кој се прослави во Гран Канарија, а подоцна настапуваше и за Сан Антонио во НБА лигата со кој и ја освои шампионската титула во 2015 година тоа ќе биде прв ангажман како главен тренер на еден тим.
Претходно тој ја вршеше улогата на помошен тренер во НБА лигата во Бруклин Нетс од 2019 година до 2023 година кога премина во Хјустон Рокетс.
Сплитер на клупата на францускиот тим ќе го наследи Туомас Исало кој по одличните сезони во Бон и Париз доби шанса во НБА лигата каде ќе работи во Мемфис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА