Тотенхем повторно на шопинг во Јувентус

Тотенхем и Јувентус ова лето би можеле да ја продолжат одличната соработка која ја негуваат во последните години со трансфер на репрезентативецот на Италија, Федерико Кјеза во Лондон, пренесуваат англиските медиуми.

Напаѓачот изрази желба за заминување од Торино и веќе подолго време е на радарот на Рома, но италијанскиот клуб цели кон негов трансфер надвор од Италија со цел да избегне засилување на конкуренцијата.

Тотенхем веќе превземал конкретни чекори и го остварил првиот контакт за реализација на транфер кој се очекува да изнесува околку 35 милиони евра.

Се вчитува...