Претседателот на фудбалската федерација на Колумбија уапсен поради тепачка на финалето на Копа Америка (ВИДЕО)

Претседателот на Фудбалската федерација на Колумбија Рамон Хесурум е приведен поради учество во тепачка со обезбедувањето во Мајами по финалето на Копа Америка.

Покрај неговото место во фотелјата на ФФ на Колумбија, Хесурум ја извршува и функцијата трет потпретседател на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ). За истиот инцидент на „Хард рок стадионот“ е уапсен и неговиот син.

Се вчитува...