Герет Саутгејт поднесе оставка од селекторската позиција во Англија

Герет Саутгејт официјално поднесе оставка како селектор на Англија. Сите англиски медиуми објавија како  дека дошло до официјална разделба меѓу Герет Саутгејт и фудбалската репрезентација на Англија.

Саутгејт по осум години ја напушти функцијата тренер на „гордиот Албион“. За тоа време, Саутгејт ја однесе Англија во две финалиња на ЕУРО во 2021 и 2024 година, полуфиналето на Светското првенство во 2018 година и четвртфиналето на Светското првенство во 2022 година, што се далеку подобри резултати отколку пред преземањето на поранешниот капитен на Англија.

Лондонски Гардијан објави дека Саутгејт се повлече од селекторската функција и покрај тоа што Фудбалската асоцијација објави дека ќе му биде понуден нов договор откако се пласираше во полуфиналето на ЕП.

Се вчитува...